Фото: МИА Заменик министерот за здравство Јовица Андовски потврди за МИА дека од Државниот санитарен и здравствен инспекторат (ДСЗИ) денеска е побаран вонреден инспекциски надзор да биде извршен во Општата болница во Кавадарци и на Детска клиника во Скопје, во врска со смртта на тригодишното детенце од Кавадарци.
Ги повикуваме надлежните во државата да испитаат можна лекарска грешка во врска со смртта на нашето детенце, реагираа попладнево родителите на детето од Кавадарци, кое почина вчера изутрина на пат кон скопските клиники.
Заменик-министерот за здравство, Јовица Андовски, потврди дека од Државниот санитарен и здравствен инспекторат денес е побарано да изврши вонреден инспекциски надзор во Општата болница во Кавадарци и Детската клиника во Скопјe, во врска со смртта на тригодишно дете од Кавадарци.„Да, утре дефинитивно ќе организираме инспекција“, одговорија попладнево за МИА од Државниот санитарен и здравствен инспекторат, во врска со смртта на тригодишно дете од Кавадарци, чии родители изјавија за Македонската новинска агенција дека бараат истрага за евентуално постоење на медицинска грешка.
Надлежните да испитаат можна лекарска грешка, бараат родителите на починатото тригодишно дете од Кавадарци 360степени | 4 јуни, 2025 18:12.