▷ По допрен глас врз основа на медиумски написи е отворен предмет во врска со фалсификувсна деловодна книга со архивски броеви за легализација на обејкти во општина Чаир во која има стотина архивски броеви помалку од онаа која што во моментов се користи во општина Чаир, велат од ОЈО Скопје за Инфомакс.– Предметот се постапува и се преземаат дејствија на проверки, обезбедена е обемна писмена документација и тоа како од општина Чаир, така и од Министерството за транспорт и врски на РСМ, од Државниот управен инспекторат на РСМ, но и од Државниот инспекторат за градежништво и урбанизам.Истовремено, во текот на оваа предистражна постапка е преземено и дејствие на испитување на повеќе лица кои даваат потребни известувања, така што беа испитани поголем број службени лице од општина Чаир, како и дел од барателите на легализација на бесправно изградените објекти на територијата на општина Чаир, со тоа што овој процес на обезбедување на вербални докази е сеуште во тек. Puls24