Како што истакна Сиљановска Давкова, родовата еднаквост не е само статистика, ниту море од бројки на хартија, туку реална слика на општествената стварност.-Да создадеме држава во која сите ќе бидеме свесни дека секој податок одразува нечиј живот, секоја бројка раскажува индивидуална вистинска човечка приказна, а трудот на секој човек без разлика на полот и родот треба да биде еднакво вреднуван, сечиј глас слушнат, без оглед дали е гласен или тивок, подвлече претседателката.
На овој втор ден од одбележувањето на јубилејот обраќања имаат и директорот на Државниот завод за статистика Дејан Станков, раководителка на Канцеларијата на UN Women Весна Ивановиќ-Кастаред и амбасадорката на Шведска Ами Ларсон Џаин. Alsat