Според анализата, Македонија во периодот 2018–2023 издвојувала сериозни средства, директна поддршка за енергетскиот сектор.
Како што истакнала министерката Божиновска, најголем дел од овие средства биле наменети за амортизирање на ценовните шокови и заштита на животниот стандард на граѓаните во време на глобални кризи. Kurir
Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, го отвори координацискиот состанок на Платформата за праведна енергетска транзиција – JETIP, истакнувајќи ја цврстата посветеност на Владата за спроведување на фер и инклузивна енергетска транзиција во земјата.
„Оваа платформа не е само алатка за координација на инвестиции – таа е клучниот столб на нашата национална визија за постепено напуштање на јагленот до 2030 година, интензивирање на обновливите извори на енергија и осигурување дека никој нема да биде изоставен од транзицијата“, изјави министерката Божиновска на отворањето. Alfa
Нашата визија е јасна – Македонија со соларни панели на покривите, електрични возила на патиштата и стабилни сметки за струја, изјавила Божиновска, потенцирајќи дека токму извештаи како овој на ОЕЦД се алатка за подобри политики, со јасна цел – фер транзиција во која никој нема да биде изоставен.
Настанот ги обедини носителите на политики, претставници на граѓанскиот сектор и меѓународни организации во заедничка заложба за фер и зелена енергетска иднина на Македонија, стои во соопштението од Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини.Извор: Миа. Lider
Македонија е подготвена за нов енергетски модел – праведен, транспарентен и социјално одговорен, е пораката од денешниот настан на кој беше промовиран извештајот на Центарот за развој на ОЕЦД „Цени на енергија и субвенции во Западен Балкан: Реформи за фер и зелена иднина“, на кој се обрати министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска. Alfa
▷ Македонија е подготвена за нов енергетски модел – праведен, транспарентен и социјално одговорен. Makfax
„Оваа платформа не е само алатка за координација на инвестиции – таа е клучниот столб на нашата национална визија за постепено напуштање на јагленот до 2030 година, интензивирање на обновливите извори на енергија и осигурување дека никој нема да биде изоставен од транзицијата“, изјави Божиновска на отворањето.
Божиновска посочи дека со донесувањето на новиот Закон за енергетика и интензивната работа на Националниот план за енергија и клима (NECP), земјата воспоставува јасна и интегрирана рамка за реализација на целите во пет клучни области: декарбонизација, енергетска ефикасност, безбедност на снабдување, интерен енергетски пазар и иновации. Tocka
Семејства со повеќе членови или лица со хронични заболувања, кои имаат реална потреба од повисока потрошувачка, се изложени на повисоки цени и покрај нивниот социјален статус – навела таа.
Во панел-дискусијата со клучни чинители од институциите, граѓанскиот сектор и меѓународни партнери, биле отворени прашањата за либерализацијата на пазарот, финансирањето на енергетската транзиција и потребата од иновативни решенија и праведна распределба на јавните средства. Novamakedonija