Во Собранието на Република Северна Македонија денес пристигна предлог-закон за прогласување на просторот околу Собранието за безбедносна зона, поднесен по скратена постапка од страна на пратеникот Африм Гаши и група други пратеници Законот, кој веќе влезе во втората фаза на читање, предвидува сериозни ограничувања во периметарот околу законодавниот дом, вклучувајќи и забрана за протести, јавни собири и летови со дронови, како и градежни активности и поставување инфраструктура во дефинираниот безбедносен простор.
Во Собранието на Република Северна Македонија е предложен нов закон со кој просторот околу законодавниот дом ќе биде прогласен за безбедносна зона.