Светскиот ден на животната средина се одбележува со многу важен проект за преспанскиот регион, а тоа е третирање на атмосферските води со изведба на канализациони системи за да се зачува биолошката разновидност околу Преспанското Езеро, истакна во Претор, амбасадорот на ЕУ во земјава, Михалис Рокас.
Амбасадорот на Европската унија во земјава Михалос Рокас, постојаниот претставник на УНДП, Армен Григоријан и градоначалникот на Ресен, Јован Тозиевски, Светскиот ден на животната средина ќе го одбележат со започнување на работи финансирани од ЕУ во висина од 7 милиони евра, за мрежи за собирање отпадни води и постројки за нивен третман во селата во Претор, Стење, Крани, Долно Дупени, Брајчино и Сливница.