Македонскиот министер за внатрешни работи панче тошковски и грчкиот министер за внатрешни работи Тодорос Ливаниос во Преспес, Грција, го одбележаа почнувањето на работите финансирани од еу во грција, за повторно отворање на граничниот премин Маркова нога – Ломос.
Како што е познато, градежните работи на македонска страна за изградба на нова царинска зграда на граничниот премин Маркова нога почнаа пролетоска и се очекува да завршат во 2026 година, за што од програмата еу за преспа издвоени се два милиони евра. Alfa
Во Лемос – Општина Преспа Грција заедно со министерот за внатрешни работи на Македонија Панче Тошковски, министерот за внатрешни работи на Грција Теодорос Ливаниос, Амбасадорот на ЕУ во земјава Михалис Рокас, претставникот на УНДП Армен Грегоријан како и претставници од локалните самоуправи , се одржа состанок со кој се означи започнувањето на БорПрес2 фазата за изградба на граничниот премин Маркова Нога – Лемос. Kurir
Двојното финансирање од ЕУ за граничниот премин Маркова Нога – Лемос има цел да го стимулира економскиот развој на регионот Преспа/Преспес.
На настанот во Лемос ќе присуствува и амбасадорот на Европската Унија во земјава, Михалис Рокас. Vecer
Како што е познато, градежните работи на македонска страна за изградба на нова царинска зграда на граничниот премин Маркова Нога почнаа пролетоска и се очекува да завршат во 2026 година, за што од програмата ЕУ за Преспа издвоени се два милиони евра.
Работите финансирани од ЕУ во Грција ќе се одвиваат преку проектот БорПрес2 за прекугранична соработка од стратешко значење за да се опфати изградба на нова царинска и полициска контролна зграда во Лемос, Грција, како и реновирање на постојната полициска станица во Маркова Нога. Skopjeinfo
Денес не поставуваме само бетон и асфалт, туку ја трасираме иднината на поблиска соработка меѓу нашите граѓани и економии.
Овој премин е доказ дека границите во Европа треба да станат симбол на приближување, не на раздвојување“, изјави министерот за внатрешни работи на Македонија, Панче Тошковски. Lider