Од Јавното претпријатие за државни патишта (ЈПДП) велат дека во моментов нема отстапка од планираниот период за ставање во функција на дел од автопатот Кичево-Охрид, од Врбјани до Охрид, со исклучок на делот кај Ботун, откако претходно беше најавено дека на почетокот на летната сезона ќе бидат пуштени првите километри. Sitel
Започната е првата фаза на клучка Требеништа, а интензивно се работи од Подмоље до х. Амасадор на изградба на столбови за натпатник, изградба на потпорен ѕид, како и на изградба на фекална и атмосферска мрежа.
Се работи и на натпатникот кај Св. Еразмо, но и на левата страна од Подмоље до Охрид каде се поставува еластична ограда во средишниот дел, а се вршат и припремни работи за асфалтирање на десната страна од главна траса, велат од Јавното претпријатие за државни патишта. Kanal5
Од Јавното претпријатие за државни патишта (ЈПДП) велат дека во моментов нема отстапка од планираниот период за ставање во функција на дел од автопатот Кичево-Охрид, од Врбјани до Охрид, со исклучок на делот кај Ботун, откако претходно беше најавено дека на почетокот на летната сезона ќе бидат пуштени првите километри.
▷ Во изјава за МИА од ЈПДП објаснуваат дека интензивно се работи на терен со посебен акцент на делницата од село Врбјани до Охрид, каде се изведува асфалтирање на делот од Врбјани до Ботун-главна траса. Puls24
Повикoт за претквалификација за надзор на изградба на подделница од автопатот на ТЕН-Т рута 6 во должина од 10,5 км. e отворен до 23. месецов.
Временската рамка за избор на надзорот, објаснуваат од ЈПДП, ќе зависи од процесот на претквалификација кој е во координација со Европската банка за обнова и развој. Puls24
За изградбата на втората фаза од автопатот Скопје-Блаце, во должина од 10,5 километри, во тек е повик за изразување интерес за надзор.
Повикoт за претквалификација за надзор на изградба на подделница од автопатот на ТЕН-Т рута 6 во должина од 10,5 км. e отворен до 23. месецов. Puls24