На денешната Панел дискусија: Кочани е нашиот приоритет, која се одржа во Владата на Република Северна Македонија, свое излагање имаа Сашо Клековски, директор на Фондот за здравствено осигурување на Македонија, Ивица Томовски, директор на Службата за заеднички и општи работи и Саит Саити, генерален директор на Црвен Крст.
Сашо Клековски од ФЗО nа денешната Панел дискусија- Кочани е нашиот приоритет се осврна на ситуацијата во моментот во однос на рехабилитацијата на лицата кои што сè уште се лекуваат и со што би се соочило здравството во следниот период.
Одговорно тврдам дека Македонија има капацитет да го организира понатамошниот третман и рехабилитација на пациентите од трагедијата во Кочани, изјави директорот на Фондот за здравствено осигурување, Сашо Клековски.