Формирана е работна група за мониторинг на напредокот на пациентите, составена од лекари од различни клиники кои учествувале во приемот на повредените и знаат во која состојба биле примени повредените и можат да направат најсоодветна проценка, информираше директор на Фондот за здравствено осигурување Сашо Клековски на денешната трибина „Кочани е нашиот приоритет“.
Одговорно тврдам дека Македонија има капацитет да го организира понатамошниот третман и рехабилитација на пациентите од трагедијата во Кочани, изјави директорот на Фондот за здравствено осигурување, Сашо Клековски.
Сашо Клековски од ФЗО nа денешната Панел дискусија- Кочани е нашиот приоритет се осврна на ситуацијата во моментот во однос на рехабилитацијата на лицата кои што сè уште се лекуваат и со што би се соочило здравството во следниот период.