СДСМ брутално и видливо ја злоупотребува трагедијата во Кочани, со очајнички обиди да фрлат песок во очите на јавноста и со своите лаги да ја замаглат вистината, се наведува во одговорот на ВМРО-ДПМНЕ.„За разлика од претходната влада, сега се води сеопфатна и целосна истрага за кочанската трагедија, во која се вклучени поранешни и сегашни функционери, од кои некои се во притвор, и ова е доказ дека сега има одговорност и неселективност.
Владата на ВМРО-ДПМНЕ, за разлика од претходната влада, усвои низа законски измени со кои целосно се забранува употребата на пиротехнички средства во затворени простори, со цел да се спречат импровизации што би резултирале со несреќи во иднина“, се вели во соопштението.