Премиерот и лидер на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, од 34-тата годишна конференција на Унијата на млади сили (УМС) на ВМРО-ДПМНЕ порача дека очекува убедлива победа на партијата на локалните избори, а можноста СДСМ да не освои ниту една општина ја нарече реална.
Сериозно загрижува нервозата на претседателот на Владата Христијан Мицкоски кој од прославата на младинската организација на неговата партија, на висок тон, видно гневен продолжи да ги навредува луѓето и родителите кои секоја сабота мирно маршираат во Кочани барајќи правда за своите деца и помош за повредените, велат во соопштение од СДСМ.
Премиерот Христијан Мицкоски на 34-тата годишна Конференција на УМС на ВМРО-ДПМНЕ порача дека сосема е извесна победата на градоначалниците на ВМРО-ДПМНЕ и дека има шанси СДСМ да остане и без една освоена општина.
За Кочани не се помага со прес конференции, туку со дела, а историјата на СДСМ на груба злоупотреба на трагични случаи станува препознатливо портфолио на политичкото делување на оваа партија, што само покажува во каква очајна состојба е оваа партија, во отсуство на реални проекти и политики со кои би го привлекле вниманието на јавноста, порача премиерот и лидер на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски на Конференцијата на Унијата на млади сили на партијата што денеска се одржува во Велес.