Посебна честитка, напиша Јаневска, им упатува на родителите и старателите како партнери во образованието, „за нивната поддршка и довербата заедно да придонесеме за напредокот на секое дете“.-Чесни, праведни и одговорни луѓе, со знаења и вредности, можеме да градиме само со заедничка посветеност.
Министерството за образование и наука продолжува со подобрувањата на воспитно-образовниот систем, работиме на нова Стратегија за образование, на создавање услови за обезбедување едносменско работење и продолжен престој за учениците во што поголем број училишта. Puls24
Пред вас е летниот распуст, добро одморете се, но не заборавајте дека има време и за игра и за читање книга, и за забава и за совладување нови вештини, за дружење и за користење на компјутерот за истражување, напиша министерката на својот фејсбук-профил.
Честитки за крајот на годината упати и до сите учители, наставници и професори кои, како што вели, „секој училишен ден им помагаа на младите луѓе да стекнат нови знаења и да бидат поспособни за соочување со предизвиците“. Libertas
На 1 септември, за сите странски јазици во основните училишта ќе има нови учебници“, потврди министерката.
Нови учебници по дел од предметите ќе има и во гимназиското и во средното стручно образование. Tocka