Министерство за социјална политика, демографија и млади Министерот за социјална политика, демографија и млади, Фатмир Лимани за време на својата посета во Австрија оствари официјална средба со пратеникот во Националниот совет на Австрија и претставник на Социјалдемократската партија на Австрија, Роберт Лајмер, во рамки на продлабочување на билатералната соработка и размена на искуства меѓу двете земји. Kurir
Двете страни изразија подготвеност за заедничка работа на проекти во областите на професионална обука, социјална инклузија, развој на современи социјални услуги и поддршка на најранливите групи во општеството.
На крајот од средбата беше потенцирана стратешката важност на забрзувањето на процесот на европска интеграција на нашата земја, како гаранција за траен општествен стабилитет, долгорочен економски развој и усогласување на националните политики со стандардите и вредностите на Европската Унија. Alfa