Vecer
Истражувањето на Армас (2023), кој ги разгледа моменталните трендови и процени дека помеѓу 2020 и 2050 година населението во Србија ќе се намали за 19 отсто, во Босна и Херцеговина за 18,2 отсто, во Албанија за 16 отсто и во Македонија за 11 отсто (проценка околу 180.000 жители помалку).Меѓу 20-те земји, само Јапонија (16,3 отсто) и Куба (10,3 отсто) не се од Јужна, Југоисточна или Источна Европа.
Во последните три децении, земјите од Западен Балкан доживеаја феномен на голема емиграција, па затоа, врз основа на проценката од податоците на UNDESA , Босна и Херцеговина и Албанија се земјите со најголем број мигранти во странство, 49 отсто и 44 отсто, соодветно, од вкупното население, по што следат Македонија и Црна Гора, 34 отсто и 21 отсто, соодветно, додека Србија е земја со најмал број, 15 отсто од вкупното население. Vecer