Фокусот на Министерството за образование и наука е ставен на обезбедување квалитетни и достапни учебници, дигитализација на образовните процеси, подобрување на инфраструктурата и постепено воведување на целодневна настава за учениците од прво до петто одделение, вели министерката за образование и наука, Весна Јаневска, најавувајќи конкретни чекори за интеграција на вештачката интелигенција во наставата, како и законски измени во високото образование. Sitel
Ќе има делумна промена на концепцијата, интегрираните предмети ќе бидат раздвоени, ќе има нови наставни програми, нови учебници за седмо одделение, рече таа.
Во делот на вештачка интелигенција, истакна дека во соработка со Универзитетот во Битола, ќе се изработат водичи за наставници и ученици за користење на ВИ со креативно размислување. Brif
Фокусот на Министерството за образование и наука е ставен на обезбедување квалитетни и достапни учебници, дигитализација на образовните процеси, подобрување на инфраструктурата и постепено воведување на целодневна настава за учениците од прво до петто одделение, вели министерката за образование и наука, Весна Јаневска, најавувајќи конкретни чекори за интеграција на вештачката интелигенција во наставата, како и законски измени во високото образование.
Јаневска, во вечерашното гостување на телевизија Сител, направи пресек на реализираните активности и најави нови реформи во образовниот систем. Brif
Мрежата ќе се оптимизира – таму каде што има по пет ученици, ќе се затвораат училишта, но во Аеродром, Кисела Вода и Чаир ќе се градат нови, истакна Јаневска.
Информираше дека министерството е при крај со новиот Закон за високо образование, како и со законите за научно-истражувачка дејност и иновации. Brif