Тоа што ДУИ им го направи на албанското општество во Македонија е тешка катастрофа и за оваа катастрофа одговорност ќе има.
Само за една година успеавме да го намалиме на делувањето на игрите на среќа во земјата за 40 посто. Republika
Вицепремиерот Изет Меџити и еден од политичките лидери на коалицијата „Вреди“ на денешната прес-конференција информираше дека како Влада имаат конкретен резултат во борба против криминалната индустрија на коцкањето и игрите на среќа.
Со владината одлука за блокирање на 173 интернет страници за онлајн коцкање, како што нагласи тој, се исполнува едно од најјасните ветувања што ги дале пред граѓаните. Republika
„Вреди“ не е дел од стариот систем, „Вреди“ не зборува со празни зборови, Вреди“ дејствува.
Ова е битка за иднината на нашите деца, за нашата младина, за нашите семејства. Puls24
Не сме во служба на криминалните мрежи, туку во заштита на нашето општество и нашиот национален морал им ја сечеме пајажината на казино мафијата во којашто сакаат да ги заробат нашите деца.
Тие што градеа богатство на грбот, на болката на нашите луѓе, денес ги изведуваме пред правдата. Puls24