Се работи за јавна набавка што во 2016 година е распишана од страна на Министерството за здравство на Република Македонија, при што двете веледрогерии, спротивно на Законот за заштита на конкуренцијата, склучиле забранет договор - картел со што свесно и со намера да се стекат со противправна имотна корист на штета на државата, го замениле принципот на слободна конкуренција на пазарот со забрането договарање на продажните цени на лековите, појаснуваат оттаму.