ВМРО-ДПМНЕ нема никаков проблем да поддржи една изборна единица, изјави претседателот на партијата и премиер Христијан Мицкоски, одговарајќи на новинарско прашање во врска со предложените измени на Изборниот законик по скратена постапка, кои денеска се на дневен ред на собраниската седница, поднесени од Либерално-демократската партија. Alsat
Така што, ние како ВМРО-ДПМНЕ немаме никаков проблем да поддржиме една изборна единица, рече претседателот на Владата при денешната посета на Машинскиот факултет на УКИМ.
▷ Предлогот за изменување и дополнување на Изборниот законик, по скратена постапка поднесен од претседателката и пратеничка на Либерално-демократска партија Моника Зајкова за воведување на една изборна единица, денеска е на дневен ред на 53. седница на Собранието. Press24
Предлогот за изменување и дополнување на Изборниот законик, по скратена постапка поднесен од претседателката и пратеничка на Либерално-демократска партија Моника Зајкова за воведување на една изборна единица, денеска е на дневен ред на 53. седница на Собранието.-Воведување на една изборна единица – со цел да се постигне еднаква вредност на гласот на сите граѓани, без оглед на географската распределба; Воведување на преференцијално гласање – со цел да им се овозможи на избирачите поголемо влијание врз изборот на поединечни кандидати на изборните листи и да се зголеми одговорноста на избраните претставници; Поголема застапеност на помалите политички субјекти – преку правично претставување согласно реалната добиена поддршка на национално ниво; Јакнење на довербата во изборниот процес – преку транспарентност, правичност и зголемена отчетност на политичките актери; Унапредување на политичката инклузивност – преку создавање услови за подобра застапеност на жените, младите, лицата со попреченост и другите маргинализирани групи во законодавниот дом; Приближување кон меѓународните стандарди – преку имплементација на препораките на ОБСЕ/ОДИХР и усогласување со добрите европски практики за изборни системи, се наведува во образложението за измените на Предлог-законот објавен во веб-страна на Собрание. Alsat