Државниот јавен обвинител, Љупчо Коцевски, изјави дека денеска до Основниот суд во Кочани е поднесено обвинение против 34 физички и три правни лица за кривични дела поврзани со пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани.-Денеска до Основен суд во Кочани се поднесува обвинителен акт против 34 физички и три правни лица за кривични дела со кои предизвикале значителна опасност за животот и телото на луѓето и за имотот од поголеми размери, на место на кое се собрале поголем број на луѓе, односно за пожарот при настапот на музичката група ДНК на 16 март, каде што животот го загубија 62 лица, 157 се здобиле со тешки повреди и 54 лица со повреди, изјави Коцевски.
Граѓанската иницијатива „Сапорт Кочани“ ја исплати фактурата за набавка на првата тура компресивна облека наменета за повредените од трагичниот настан во Кочани, во вредност од 923.458 денари.
Во тек е акција под раководство на обвинител од Специјализираното одделение за полициски службеници, соопштија од ОЈО ГОКК.
Приведени се 13 лица со полициско овластување во синоќешната акција на ОЈО за организиран криминал и корупција, потврди на денешната прес-конференција државниот јавен обвинител, Љупчо Коцевски.