Во Скопје и околината температурата ќе се искачи до околу 34/35 степени.
На следниот линк можете да ја следите алатката за рано предупредување од невреме НОТАС, и истата е од голема корист на секој граѓанин https://nothas.finki.ukim.mk/. 24info
Метео анализа на Славчо Попоски: Поради прилив на поладен воздух од север на висина, од вторник (17 јуни) во нашата Македонија ќе дојде до делумно дестабилизирање на атмосферата и создавање на услови за локален развој на грмотевични конвективни облаци, од кои очекувам појава на краткотрајни, но поројни врнежи од дожд, проследени со грмежи и засилен ветер во зоната на нестабилност. 24info