Партијата Левица повторно го обвини премиерот Христијан Мицкоски дека „додека ја замајува јавноста за некаков економски бум, а граѓаните секојдневно се соочуваат со нови ценовни шокови – пратениците од ДПМНЕ, ЗНАМ и ВРЕДИ не гласаа за предлогот на Левица за минимална плата од 500 евра“ Левица овој предлог-Закон го поднесе на барање на синдикатите, но за жал, како што велат, со Македонија владее анти-работничка и авторитарна партија која единствено слугува на крупниот капитал.