Двајца македонски државјани се здобиле со тешки телесни повреди во сообраќајна несреќа што се случила на автопатот „Патот на Арбр“ во Албанија, на делницата Маќелари – Булќиза, во близина на месноста позната како „Мостот Череница“.
МАКЕДОНСКИ МОТОРЏИЈА УДРИ ВО ЗАШТИТНА ОГРАДА НА ПАТ ВО АЛБАНИЈА Две лица се повредени Според албанската полиција, несреќата се случила на делницата Маќелари - Булќиза, кај месноста „Мостот Череница“, кога мотоциклот со скопски регистарски таблички, при непрописно претекнување изгубил контрола и се удрил во заштитниот ѕид.