Министерството за одбрана реализираше две големи набавки за муниција и за набавка на опрема за хаубиците, информираше премиерот Христијан Мицкоски на промоција на новите армиски артилериски орудија „Боран“ и друга придружна опрема, набавени од Турција.
Денеска во касарната „Мирче Ацев“ во Прилеп, премиерот Христијан Мицкоски, заедно со министерот за одбрана Владо Мисајловски и началникот на Генералштабот на Армијата, генерал-мајор Сашко Лафчиски, ќе бидат присутни на свеченоста по повод промоцијата на артилериската батерија.