Форумот ќе ги обедини водечките имиња од политиката, индустријата, науката и граѓанскиот сектор, со цел да се поттикне дијалог и соработка за забрзување на енергетската трансформација во регионот.
Воведно обраќање ќе имаат Агим Селами, извршен директор на МЕФ, Михалис Рокас, амбасадор на Делегацијата на ЕУ во Македонија, Анџела Агелер, амбасадорка на САД во Македонија, Миодраг Милошевиќ, заменик-директор на OSF Western Balkans, Сања Божиновска, министерка за енергетика, рударство и минерални ресурси и Изет Меџити, прв заменик-претседател на Владата и покровител на МЕФ25.