На Форумот учествуваа врвни експерти и клучни актери од целиот свет кои на дводневниот настан дадоа свои видувања во насока на зајакнување на регионалната соработка и забрзување на зелената транзиција. Tocka
Таа ја потврди посветеноста на Македонија кон фер и инклузивна енергетска транзиција, нагласувајќи дека „од клучно значење е да се создадат услови за безбедна енергетска и климатска трансформација“, стои во соопштението од Министерството.
На форумот кој кој оваа година се одржува под мотото „Поддршка за чистата енергетска револуција во Западниот Балкан“ во скопје се собрани врвни експерти и клучни актери од целиот свет. Sitel
Визијата на Македонија е создавање на современ и иновативен енергетски модел кој ќе овозможи праведна транзиција и ќе стане двигател на економскиот раст, во интерес на граѓаните и државата, истакна министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска во своето обраќање на денешниот министерски панел за Западен Балкан: „Инвестиции во време на превирања и брзи пазарни случувања: Каде се наоѓа регионот на Западен Балкан?“ во рамките на Македонскиот енергетски форум (МЕФ) 2025, кој оваа година се одржува под мотото „Поддршка за чистата енергетска револуција во Западниот Балкан“. Alfa