Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад на Република Македонија (РКЕ) донесе Одлука со која се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 2,06 % во однос на одлуката од 16.06.2025 година.
Референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат зголемување во просек: кај бензините за 3,305%, кај дизелот за 8,111%, кај екстра лесното масло за 7,554% и кај мазутот зголемувањето е за 5,146%. Kurir
Дизел горивата од ноќеска на полноќ поскапуваат за 2,5 денари по литар, а цената на бензините останува иста, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад (РКЕ). Со одлуката се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 2,06 отсто во споредба со претходната одлука. Alsat
Новата малопродажна цена на ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) ќе биде 70 денари за литар исто како и на Екстра лесното масло за горење (ЕЛ-1), ЕУРОСУПЕР БС - 95 и понатаму ќе се продава за 76, а ЕУРОСУПЕР БС - 98 за 78 денари за литар.
Со одлуката на РКЕ за 1,149 денари за килограм се зголемува и малопродажната цена на Мазутот М-1 НС и ќе чини 40,928 денари. Press24
Од ноќеска на полноќ, дизел горивата ќе се продаваат по повисока цена за 2,5 денари по литар, додека цените на бензините остануваат непроменети.
Ова е одлуката што денеска ја донесе Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад (РКЕ). Според новата пресметка, малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) ќе изнесува 70 денари за литар, исто колку и кај Екстра лесното масло за горење (ЕЛ-1). Цената на ЕУРОСУПЕР БС – 95 останува 76 денари, додека ЕУРОСУПЕР БС – 98 ќе се продава и понатаму по 78 денари за литар. Gostivarpress