Поранешниот премиер Зоран Заев му упати честитка на поранешниот грчки премиер Алексис Ципрас по повод седумгодишнината од потпишувањето на Преспанскиот договор, со кој беше решен деценискиот спор за името помеѓу Македонија и Грција.„Драг Алексис, во време на војни и хаотичен свет, сè повеќе се радувам што успеавме да го постигнеме Преспанскиот договор, да изградиме трајно пријателство меѓу нашите соседни земји — Северна Македонија и Грција, но и да оставиме исклучително позитивна трага на Балканот, во Европа и светот, дека и најтешките прашања меѓу држави можат да се решат по дипломатски пат,“ напиша Заев во пораката.
Седум години од Преспанскиот договор – на денешен ден пред седум години, во Нивици, со амин од Заев и Ципрас потпис ставија Димитров и Коѕијас.