Претседателката вети дека матичната држава ќе продолжи да вложува напори за да ги подобри нивните права и да ги зацврсти врските со татковината.
На средбата присуствуваа: Марјана Костофски-Фелах, претставничка на македонското национално малцинство и членка на Комитетот за национални малцинства при Владата на Албанија; Ендрит Фетаху, потпретседател на Македонска Алијанса за европска интеграција – единствената партија на Македонците во Албанија; Незир Муча, потпретседател на Македонското друштво „Илинден“ – Тирана, Славица Свидерска, професорка по македонски јазик на Лекторатот по македонски јазик на Факултетот за странски јазици при Универзитетот во Тирана и дипломати на македонската амбасада во оваа држава. Opserver
За време на работната посета на Република Албанија, каде што учествуваше на Самитот на Процесот за соработка во Југоисточна Европа (ПСЈИЕ), претседателката Гордана Сиљановска-Давкова се сретна со претставници на македонското национално малцинство во оваа земја. 24info
На средбата присуствуваа: Марјана Костофски-Фелах, претставничка на македонското национално малцинство и членка на Комитетот за национални малцинства при Владата на Албанија; Ендрит Фетаху, потпретседател на Македонска Алијанса за европска интеграција - единствената партија на Македонците во Албанија; Незир Муча, потпретседател на Македонското друштво „Илинден“ – Тирана, Славица Свидерска, професорка по македонски јазик на Лекторатот по македонски јазик на Факултетот за странски јазици при Универзитетот во Тирана и дипломати на македонската амбасада во оваа држава.
Сиљановска-Давкова изрази задоволство што изворно може да ги чуе релевантните претставници и со нив да разговара за одлуката на албанските власти за утврдување на критериумите, документацијата и постапките за собирање на податоци за идентификација на лица кои припаѓаат на националните малцинства која важи и за Македонците во Албанија. Kanal5
Укажувајќи дека со одлуката се утврдени критериумите коишто ќе им овозможат на сите, слободно да ги изразат националната припадност и јазикот на којшто зборуваат, таа рече дека токму припадниците на македонското национално малцинство се засегнати од оваа постапка.
Претседателката Сиљановска-Давкова на средбата постави повеќе реторички прашања: Кој би бил проблемот да го правите вие она што сите држави го прават во однос на националните малцинства во поглед на издавањето на државјанство на пример? 24info