Фискалната консолидација, подобрување на макроекономската стабилност и поддршка на економската активност остануваат основни цели на фискалната политика за периодот 2026-2030 година, кои како основни насоки се содржани во Фискалната стратегија 2026-2030 година, подготвена од Министерството за финансии и којашто денеска е усвоена во Собранието. Fokus
Фискалната стратегија ги дава среднорочните насоки и цели на фискалната политика, основните макроекономски проекции, износите за главните категории проценети приходи и расходи, како и проекциите за буџетскиот дефицит и долгот.
Односно, претставува смерница на фискалната политика на среден рок. Republika