Причината е активирање на заштитниот механизам на блокот, кој се активирал како последица на зголемена температура односно опожарени дрвени елементи во близина на ормарот за електронско управување, соопштија од ЕСМ Со оглед дека станува збор за потенцијална саботажа, веднаш по настанот, надлежните служби на РЕК Битола реагираа согласно оперативните протоколи.
За случајот е известена криминалистичката полиција, која во моментов врши увид на местото на настанот со цел утврдување на сите околности. Plusinfo
Во моментов се чека од Скопје да да пристигне и крим полиција.
Вториот блок во РЕК „Битола“ од утринава автоматски е исклучен од електроенергетскиот систем по вклучување на заштитниот механизам на блокот кој, како што наведуваат од ЕСМ, се активирал како последица на зголемена температура, односно опожарени дрвени елементи во близина на орманот за електронско управување. Puls24