В.д. градоначалникот информираше дека во кривичната пријава се приложени документи како пример од судската практика за слична постапка со која се отстранети објекти во други општини.
Во меѓувреме, Општина Кочани почнала постапка за отстранување на угостителски објекти во Трговскиот центар во Кочани кои се бесправно изградени на јавна површина. Lokalno
Три месеци по трагедијата во клубот „Пулс“сѐ уште има угостителски објекти во Кочани кои работат спротивно на законските прописи и стандарди загрозувајќи ја безбедноста на граѓаните, а нивните сопственици не преземаат мерки тоа да се промени и спречи, поради што поднесувам кривична пријава до Основното јавно обвинителство за узурпација на јавна површина и бесправна градба, истакна на в.д. градоначалникот на Кочани, Венко Крстевски на денешната прес-конференција пред Обвинителството. Sitel
Даден е налог за постапување на инспекторката за животна средина да ги провери елаборатите на сите угостителски објекти и дали соодветствуват со нивната реална слика.
Со жалење може да констатирам дека на угостителите кои работат поважен им е личниот профит отколку безбедноста и здравјето на граѓаните„ изјави в.д.градоначалникот на Кочани, Венко Крстевски. Alfa
Загрозени се жителите во тие згради, но и посетителите на нивните објекти.
И тоа нема да го толерирам затоа што ова е најтешкиот период во поновата историја на Кочани. Press24
Со жалење можам да констатирам дека на угостителите кои работат нерегуларно и незаконски поважен им е личниот профит, отколку безбедноста и здравјето на граѓаните.
Загрозени се жителите во тие згради, но и посетителите на нивните објекти. Press24
Фото: Принтскрин Три месеци по трагичниот настан во клубот „Пулс“, Кочани и понатаму се соочува со угостителски објекти кои работат незаконски, загрозувајќи ја безбедноста на граѓаните.
Вршителот на должноста градоначалник Венко Крстевски денеска поднесе кривична пријава до Основното јавно обвинителство, обвинувајќи неколку локали за узурпација на јавен простор и бесправна градба. Plusinfo