Article-cluster size (# of articles)
new weight
old weight
lower/upper
Articles count
Total similarity
Avg. similarity
Total chr length
Sentence # average
Sentence # variation
6
13.56
15.27
1.02/0.52
6.00
2.25
0.38
532.00
1.00
0.00
All clustering variants
Old ranking - len = 6
9 ■ 0.99/0.01 ■ 2 ■ 109.8
Best clustering variants
9 0.99/0.01 2 109.8

И покрај поднесената претставка од страна на 25 граѓански организации, ниту една од надлежните институции не постапила во законски предвидениот рок во врска со незаконската изградба на хотелот во охридската населба Горица.

Со тоа, Кабинетот на премиерот, Владата и Општина Охрид го прекршиле и Законот за постапување по претставки и предлози, алармира Фронт 21/42. „Долгата листа на прекршувања на Законот за градење, Законот за општа управна постапка, Законот за животна средина, Законот за управување со светското наследство, Законот за инспекциски надзор, Законот за склучување, ратификација и извршување на меѓународните договори, Бернската и Конвенцијата на УНЕСКО, а со тоа и на Уставот, деновиве се прошири и со прекршување на Законот за постапување по претставки и предлози, од страна на Кабинетот на премиерот, Владата и градоначалникот на Општина Охрид.

14:15 h 18-Jun-2025
  • И покрај поднесената претставка од страна на 25 граѓански организации, ниту една од надлежните институции не постапила во законски предвидениот рок во врска со незаконската изградба на хотелот во охридската населба Горица.
  • ◉ Фронт 21/42: Институциите не постапуваат по претставката за хотелот во Горица, законите не важат во Охридскиот Регион
11:52 h
  • И покрај поднесена претставка од 25 граѓански организации со барање за итно отстранување на хотелот што се гради во охридската Горица, ниту Владата, ниту премиерот, ниту Општина Охрид постапиле во законскиот рок – со што е прекршен и Законот за постапување по претставки и предлози.
  • Молк од институциите за хотелот на Мијалкови во Охрид - игнорирана претставка од 25 организации
10:54 h
  • Законите не важат во Охридскиот регион.
  • Молк од државата за барањата за отстранување на новиот хотел на Горица, реагира Фронт 21/42
Zoom

Законите не важат во Охридскиот регион.

Прекршувајќи го и Законот за постапување по претставки и предлози, по претставката со која 25 граѓански организации побараа од премиерот, владата и градоначалникот на Охрид итно спроведување на законите и отстранување на хотелот во Горица – не постапи ниту еден од одговорните, реагираат од Еколошкото здружение на граѓани Фронт 21/42. „На ридот во Горица, на местото на некогашната борова шума макотрпно посадена од локалното население во шеесеттите години на минатиот век, забрзано се гради хотелскиот комплекс на Дивелоп Груп – со незаконско одобрение за градба, издадено без оцена на влијанието врз животната средина, дури и без одобрен елаборат; и покрај фактот дека во Планот за управување со светското наследство е посочен како закана; со целосно игнорирање на одлуката на Комитетот за светско наследство, со која уште пред да почне градбата УНЕСКО побара стопирање на активностите и одлуката на Бернската конвенција, со особена загриженост за овој проект; врз основа на урбанистички план кој општината беше должна да го измени“, велат од Здружението. Zoom