Sitel
Полесни се повредите кај сега осомничениот 18-годишник, за кого јавниот обвинител веќе побара да се определат мерки на претпазливост – забрана за напуштање на живеалиштето, обврска да се јавува повремено на определено службено лице во Основниот кривичен суд Скопје, привремено одземање на патна исправа за преминување на државната граница односно забрана за нејзино издавање и забрана за приближување или воспоставување, односно одржување контакти со малолетното дете кое го повредил, потенцираат во нивното соопштение.
Инаку, вчера од МВР информираа дека на крстосницата од улицата „Цветан Димов" со улицата „Џон Кенеди" во Скопје, по претходно недоразбирање, настанала физичка пресметка меѓу 14-годишник, Р.С.(64) и Б.С.(18), сите од Скопје, при што биле употребени ножеви. Sitel