Во соопштението на АХВ го осуди „обидот за оцрнување на стручноста и професионалноста на Агенцијата и нејзините инспектори“, обвинувајќи го Крстевски дека самоволно и без никакви овластувања влегувал во угостителски објекти, претставувајќи се како инспектор.
„Професионално, АХВ не навлегува во ингеренциите на други иституиции, но, за наводите на в.д градоначалникот во однос на работењето на АХВ, само го информираме дека Агенцијата не издава никакви HACCP дозволи како што тврди тој во јавноста, туку ја контролира работата на оператрите со храна, само и исклучиво од аспект на исполнетост на општите и посебните услови за безбедност согласно законските и подзаконските акти кои ја уредуваат оваа материја, регистрирајќи ги како оператори со храна во регистарот на институцијата“, велат од Агенцијата. Fokus
Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) го осудува обидот на в.д. градоначалникот на Општина Кочани, Венко Крстевски, за, како што велат, „оцрнување на стручноста и професионалноста на АХВ и нејзините вработени инспектори, преку социјалните мрежи глумејќи инспектор во угостителски објекти, за кои тврди дека се дивоградби“ и порачува дека не издаваат никакви HACCP дозволи, туку само ја контролираат работата на операторите со храна. Denesen
Тој обвинува дека во пицеријата „Филитеа“ се пуши во затворен простор, има нелегално приклучена струја, само еден санитарен јазол за два пола, како и две кујни, од кои едната без тоалет.
Крстевски седна во локалот на покана од сопственикот Орце Николов, кој реагираше на наводната селективност на институциите и тврди дека објектот го наследил, а претходно Општината му наплатила користење на просторот. Skopje1