Книгата со наслов ,,Таков каков што сум’’ пишува за бизнис, еснаф, наука, иднина, политика, лични погледи на многу општествени случувања, пораки за младите и охрабрување за секој кој сака да почне нешто свое и да биде претприемач.
Ова книга која ја издаде бизнисменот проф. д-р Кочо Анѓушев и е негова автобиографија, со оглед на тоа што внатре пишува и за своето детство, за образованието, за неговите претци, за тоа што научил од неговиот дедо, фабрикант пред втората светска војна, и чии совети му биле насока во неговата работа, а пред се во делот да наоѓа области во кои никој дотогаш нема работено и не се познати. A1on
Да ја кажам вистината за мене од раѓање, од какво семејство потекнувам, кои биле моите предци, што работеле, колку имот имале, па потоа немале ништо со доаѓањето на национализацијата, дека јас лично пред 20 години почнав од нула, ама почнав со многу инженерско знаење, бизнис логика и преголема желба да успеам и да излезам од сиромашен живот’’- вели Анѓушев за неговата книга, напишана за три недели во јануари годинава.
Во еден дел се осврнува и на политиката, за која вели дека никогаш повеќе не сака да има никаква врска. Faktor
Како што заклучува на крајот, Анѓувшев ја напишал книгата за сепак да ги охрабри младите иднината да ја гледаат во Македонија.,,Во оваа книга се обидов преку својот живот, преку своите искуства и грешки, да оставам едно четиво за сите кои денес се занимаваат или сакаат во иднина да се занимаваат со бизнис.
Ова е, пред сѐ, книга за тоа дека може да се почне од нула и да се успее во животот со многу работа и учење. Vecer
Од печат излезе на македонски и англиски јазик, во соработка со издавачката куќа Арс Ламина.
Ќе се продава во книжарите на Литература и во уште повеќе од 100 книжари и штандови за книги во хипермаркетите. Vecer
Ова е, пред сѐ, книга за тоа дека може да се почне од нула и да се успее во животот со многу работа и учење.
И дека никогаш не треба да се откажувате’’-вели Анѓушев. Vecer