Секоја чест на актерската изведба на Венко Филипче – само што народот не аплаудира, туку превртува очи, реагира ВМРО-ДПМНЕ по денешното обраќње на лидерот на СДСМ на партиската трибина насловена „Македонија понижена – Една година Влада“.
Од ВМРО-ДПМНЕ велат дека кога ќе се појави Филипче се шири мирисот на стариот режим на Заев, а сите веднаш се потсетуваат на изгорените животи во модуларните болници, на кинеските вакцини платени, а неснабдени, како и на милионските тендери поделени во 4 очи со неговите пријатели од политиката. Zoom