Изборот по објавениот конкурс беше изведен согласно пропишаните законски критериуми и норми а на јавниот конкурс беа пријавени „Друштво за услуги Авто мото испитен центар супер возач’’ ДООЕЛ Битола и Друштвото за услуги „Сообраќаен испитен центар АМ’’ ДООЕЛ Битола.
Кандидатот за испитен центар „Сообраќаен испитен центар АМ’’ ДООЕЛ Битола НЕ ПРИЛОЖИЛ важечки договор за користење на сообраќаен автодром (полигон) во Подружница „Сообраќаен испитен центар АМ-пријавно место Ресен„ кој е еден од основните предуслови за функционирање на испитен центар, како резултат на што НЕ ГИ ИСПОЛНУВА условите за вршење на пропишаната дејност согласно член 244 став 1 алинеа 4 и став 2 алинеа 2 од Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата и постојните подзаконски акти. Kurir
Во врска со написите на политичката партија Левица, кои се однесуваат на изборот на правно лице кое ќе организира и спроведува возачки испити на подрачјето на СВР Битола, Министерството за внатрешни работи целосно ги демантира истите, ценејќи ги како целосна шпекулација, со цел дезинформирање на јавноста. Sitel