Комитетот за надворешни работи на Европскиот парламент утре треба да гласа за Извештајот за напредокот на Македонија на известувачот за земјава Томас Вајц.
Kомитетот за надворешни работи на Европскиот парламент утре треба да гласа за Извештајот за напредокот на Македонија на известувачот за земјава Томас Вајц.
Амбасадорот на Европската Унија, Михалис Рокас, не сакаше да коментира дали верува дека извештајот на известувачот на Европскиот парламент, Томас Вајц, за Македонија ќе биде одобрен од Комитетот за надворешни работи (АФЕТ) на Европскиот парламент, чие гласање беше презакажано за 24 јуни, нагласувајќи дека ЕП е независна институција која работи според свои правила.„Европскиот парламент е независна институција на ЕУ, која има свој Деловник, свои правила и процедури, секоја дебата организирана од ЕП е предмет на тие правила од Деловникот.