Вицепремиерот и Министер за транспорт потсети дека градската власт е надлежна за рушење на дивоградби и треба Градската власт е надлежна за рушење на дивоградби, а не Министерството за транспорт и врски, изјави денеска министерот Александар Николоски.
Министерството за транспорт и врски има надлежност да постапува само за градби од А категорија, а за градбите за кои говори секојдневно градоначалничката од Град Скопје надлежен е Градот, изјави попладнево министерот за транспорт и врски Александар Николоски одговарајќи на пратеничко прашање дали провериле што се случува во општина Чаир каде, според објавите на скопската градоначалничка, се градат дивоградби.