Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, на маргините на НАТО Самитот во Хаг, имаше интервју со етаблираниот американски тинк-тенк „Атлантик кансл“, соопштинија од Министерството.
Во интервјуто говореше за одлуките од Самитот, улогата на САД и претседателот Доналд Трамп во глобалната безбедност, како и за придонесот на Македонија во Алијансата и одржувањето на регионалната и светската стабилност.
Дипломатијата не е само надворешна политика-таа е карактерот на државата во очите на светот.
Додека Македонија се соочува со економска несигурност, масовна иселеност и структурна зависност од странски центри на моќ, шефот на дипломатијата Тимчо Муцунски го слави Самитот на НАТО во Хаг како „генерациски“ момент со „позитивни историски последици“.Во интервју за американскиот Atlantic Council, Муцунски го величи НАТО самитот како нешто што ќе остави „траги за идните генерации“, без да прецизира кои се тие последици и во што точно се состои нивната „позитивност“.