На предлог на Министерството за здравство, Владата на денешната седница ја усвои информацијата за потребата од обемна реконструкција и доизградба на болничките капацитети во Штип и Тетово, изградба на нов здравствен објект во Кичево, како и инвестиции во опрема и дигитална трансформација на здравството на национално ниво, информираат попладнево од МЗ. – Поради сериозни конструктивни и проектни недостатоци кај постојниот објект на Општата болница – Кичево, Министерството предлага изградба на целосно нова болница на нова локација. Fokus
Објектот бил проценет како технички и архитектонски соодветен за докомплетирање и ставање во функција.
“Со цел Клиничката болница во Тетово навистина да прерасне во регионален и функционален здравствен центар, Министерството предлага изградба на два нови објекти за специфични дијагностички и терапевтски услуги, како целосна реконструкција и модернизација на постојните павилјони, за подобрување на условите за пациентите и медицинскиот кадар,” се додава во соопштението. Biznisvesti
Новиот објект ќе биде планиран како регионален здравствен центар, што ќе ги опслужува жителите на Кичево, Македонски Брод, Пласница, Зајас, Вранешница и Демир Хисар, се појаснува во соопштението.
Проектот за Штип вклучувал дооформување на постојниот објект, што бил во напредна фаза на изградба, како и проширување со нов објект за Медицински факултет, катна гаража и уредување на инфраструктурата согласно современи болнички стандарди. Brif
Овие иницијативи се насочени кон системска трансформација што ќе обезбеди побрз, поконтролиран и поинклузивен здравствен систем во корист на пациентите и здравствените работници“, се додава во соопштението.
На предлог на Министерството за здравство била усвоена и информација со што се воспоставува нова институционална соработка со ЈП „Градски паркинг – Скопје“, со цел целосна реконструкција, хортикултурно уредување и дигитализација на паркинг-просторот во Клиничкиот центар. Plusinfo