Article-cluster size (# of articles)
new weight
old weight
lower/upper
Articles count
Total similarity
Avg. similarity
Total chr length
Sentence # average
Sentence # variation
2
0.00
3.38
0.13/0.00
2.00
0.42
0.21
207.00
1.00
0.00
All clustering variants
Old ranking - len = 2
2 ■ 0.99/0.01 ■ 2 ■ 90.0
Best clustering variants
2 0.99/0.01 2 90.0
Kurir

Од СОЗР, информираат дека просторот околу Владата добил репрезентативен лик – ја вративме оградата, комплетно реконструирана по претходно неадекватно складирање и уништување, а целосно го уредивме и дворот – хортикултурно е обновен, поставени се рефлектори, автоматизирани системи за наводнување и санирани се сите оштетувања.

Поранешниот објект на Комерцијална банка, чија изградба беше во застој, сега е речиси комплетно завршена, реализирани се 78% од потребните зафати; Вилата Свети Стефан во Охрид беше буквално невидлива од обрасната вегетација – сега е расчистена и пристапна, со делумно функционална внатрешност; куќата на Хаџиманови пред Владата, која долги години беше неискористена, сега е во функција со комплетно обновена електрика и водовод; вилите на Водно и во Охрид, кои сè уште се водат како дивоградби, влегоа во постапка за легализација и добивање имотни листови; во Клубот на пратеници, преземени беа поголеми зафати на одредени сали, се купи нова опрема и инвентар и моментално успешно се користи за настани од државен карактер; комплексот Македонско село, оставен да пропаѓа повеќе од 7 години, повторно е ставен во функција по пат на избор на концесионер; во тек се постапки за јавни набавки за санација на покривите на државните институции, кои беа причина за сериозни проблеми со прокиснување и оштетувања на објектите, информираат од СОЗР. Kurir