Министерот за европски прашања, Орхан Муртезани, од денес престојува во работна посета на Ирска, во чии рамки планирани се средби со министерот за европски прашања и одбрана, Томас Брн, како и со членовите на Заедничкиот комитет за европски прашања на ирскиот парламент (Oireachtas). Дискусиите на состаноците ќе опфатат теми за европската перспектива на Македонија и регионот, поддршката од Ирска во процесот на пристапување во Унијата, во светло на претстојното претседавање со Советот на ЕУ, продлабочување на билатералната и институционалната соработка, како и за прашања поврзани со безбедносна политика на ЕУ во контекст на новите геополитички предизвици и политиката на проширување како нивен одговор. Alfa
Поаѓајќи од пораките испратени од Самитот за Планот за раст на ЕУ што неодамна се одржа во Скопје, средбата овозможи и продлабочување на дијалогот околу натамошната имплементација на оваа иницијатива како инструмент за забрзување на интеграцијата.
Министрите разговараа за европската перспектива на земјата и претстојното ирско претседавање со Советот на ЕУ во втората половина на 2026 година, како можност за дополнително зајакнување на соработката со земјите од Западен Балкан. Opserver
Брн и Муртезани разговараа за можностите што овој документ ќе ги отвори за засилено ирско дипломатско присуство во регионот, интензивирање на политичките билатерални контакти, поддршка за нашата реформската агенда, како и соработка во домените на културата, образованието и економијата.
Тие исто така се осврнаа на регионалната стабилност и политиката на проширување на ЕУ, кои претставуваат централни елементи на ирските приоритети за време на претстојното претседавање со Советот на ЕУ и ќе бидат рефлектирани и во Стратегијата за Западен Балкан, се вели во соопштението од Министерството за европски прашања. Kurir
Министерот за европски прашања, Орхан Муртезани, во својство на национален координатор за Инструментот за реформи и раст, утрово копретседаваше со Првиот состанок на Мониторинг комитетот за Инструментот за реформи и раст на Западен Балкан (RGF), кој денеска, во хибриден формат, се одржа во Владата на Република Македонија. Kurir
За време на средбата, Брн и Муртезани потенцираа дека проширувањето мора да остане меѓу клучните приоритети на Унијата и дека стабилна и обединета Европа е најдобриот одговор на предизвиците со кои се соочува и регионот на ЗБ и Унијата.
Министерот Муртезани исто така нагласи дека Владата на Северна Македонија е заинтересирана за иницијативи кои ќе помогнат во приближување кон Единствениот европски пазар, во спроведување на ЕУ-реформите и во подобро искористување на ИПА фондовите. Opserver
Министерство за европски прашања Во услови на зголемени геополитички превирања, зачленувањето во Европската Унија не е само политички избор, туку стратешка неопходност за зајакнување на европската безбедносна архитектура, оцениле на денешната средба во Даблин, министерот за европски прашања Орхан Муртезани и државниот министер за европски прашања и одбрана на Ирска, Томас Брн.
Како што се невадува во соопштението од Министерството за европски прашања, Муртезани и Брн констатирале дека блокирањето на процесот на интеграција ја поткопува стабилноста на континентот, додека одржлива и предвидлива интеграција на земјите-кандидатки е во заеднички интерес. Kurir