Од таму додаваат дека новинарите и медиумските работници најдобро знаат, следејќи ги правилата и стандардите на својата професија, кога, каде и како да земат изјава за настан кој е од висок јавен интерес, како што впрочем е и процесот на лекување на повредените од трагедијата во Кочани.
Повикот на Министерството за здравство да не се снимаат, фотографираат и да не се земаат какви било изјави од лицата кои се рехабилитираат од повредите од пожарот во Кочани, предизвикува сериозна загриженост за слободата на медиумите, но и за одбраната на јавниот интерес, смета Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници.