Премиерот Христијан Мицкоски по денешната седница на Извршниот комитет што се одржа во седиштето на партијата во Скопје, при новинарсто прашање беше прашан за новите предлог даноци коишто би биле за немажени и неженети граѓани, доведе до големи прашања од сите граѓани Мицкоски изјави дека нема да има данок за неженети и немажени лица во Македонија, појаснувајќи дека неговата претходна изјава е погрешно протолкувана од сите.
Се разбира дека нема да има данок за немажени и неженети, изјави премиерот Христијан Мицкоски, наласувајќи дека целта била да се поттикне јавна дебата и изразувајќи исклучителна загриженост за демографската рецесија во Македонија последните години.
Премиерот Христијан Мицкоски денеска изјави дека нема да има воведување на посебен данок за немажени и неженети лица, како што претходно беше најавено.
„Се извинувам ако некој погрешно ме разбрал, нема никакви даноци“, вака премиерот Христијан Мицкоски го дообјасни своето претходно јавно појавување кога кажа дека размислуваат за воведување на даноци за немажени и неженети.