Осум пожари се активни, информираат од Центарот за управување со кризи.
На 07.07.2025 година, до 14:00 часот, евидентирани се вкупно 8 пожари на отворен простор, од кои:АКТИВНИ: Општина Прилеп: с. Бешиште – приземен пожар во мешана шума Општина Македонски Брод: с. Црешнево – гори деградирана дабова шума и грмушки Општина Чашка: под Солунска Глава, помеѓу Изворите на Бабуна и Бабина Дупка – нема активен пламен, но има чад во карпест дел Општина Чучер Сандево: помеѓу с. Блаце и с. Чучер – мешана шума и ниска вегетација Општина Македонски Брод: н. Самоков – во фабриката „Сувенир“ опожарен магацин/хала со гуми и палети Општина Македонски Брод: с. Слатино – гори лисната постелка и ниска вегетација Општина Старо Нагоричане: с. Белаковце – шумски пожар ИЗГАСНАТИ: 1– Општина Чешиново-Облешево: с. Чешиново – стрниште. Puls24
Пожар се уште гори и на потегот помеѓу селата Блаце и Чучер во општина Чучер Сандево, каде е зафатена мешана шума и ниска вегетација.
Исто така, шумски пожар е активен и кај селото Белаковце во општина Старо Нагоричане. Skopje1