Од: А1он Два полициски хеликоптера, еден армиски хеликоптер, еден Хермелин со цистерна на ДЗС, еден Пинцгауер на ДЗС и едно теренско возило “амарок” на ДЗС, дејствуваат како поддршка на скопската Бригада за противпожарна заштита која со повеќе пожарникари и возила го гаси големиот пожар на отворен простор на територијата на општина Чучер Сандево над магистралниот пат Скопје – Блаце кој изби вчера во попладневните часови, изјави директорот на ДЗС, Стојанче Ангелов. A1on
Овој пожар вчера навечер и во текот на ноќта се разви во голем пожар, при што зафати и делумно шума, извеси директорот на ДЗС, Стојанче Ангелов.
„Рано утрово скопската противпожарна бригада со повеќе возила и екипи започна со гаснење, а како помош се придружија и два полициски хеликоптери, еден армиски хеликоптер, за прв пат еден Пинцгауер на ДЗС и еден Хермелин со поголема цистерна на ДЗС. Makfax