Сакам да се заблагодарам на сите учесници во овој потфат почнувајќи од колегите од Универзитетот „Кирил и Методиј“ , Градежниот факултет, преку луѓето од Јавното претпријатие за државни патишта, директорот, општината Велес, потпретседателот на Влада и министер за транспорт, Министерството за внатрешни работи, изведувачите и сите останати коишто учествуваа во реализацијата на овој потфат, бидејќи беше прилично брз, ефикасен и успееавме да обезбедиме побрз транспорт во рамките на градот Велес, соопшти премиерот Мицкоски.„Изведувачот на работите за санација на мостот преку реката Вардар кај Башино Село е Друштво за градежништво и проектирање ‘Синтек инженеринг ДООЕЛ ‘кој е воведен во работа на 21.03.2025 година, со рок за изградба од три месеци. Vecer