Колона камиони, шлепери и цистерни долга повеќе од два километри е заглавена на скопската обиколница иако сообраќајот за товарни возила утрово е пуштен, по неколкучасовната забрана поради пожарот кај Блаце кој се доближи до магистралниот пат кој води кон граничниот премин.
Поради ширењето на пожарот во близина на Блаце, целосно е прекинат сообраќајот на патниот правец Стенковец-ГП Блаце, во двата правци, а затворен е и граничниот премин Блаце, информираат од МВР.
Министерството за внатрешни работи ја известува јавноста дека вечерва е нормализиран сообраќајот на патниот правец Стенковец-ГП Блаце.
Денеска од 05.00 часот полициски службеници од Хеликоптерската единица за полициски намени при МВР, со два хеликоптера на единицата за полициски намени бел 412 и агуста бел 212 се активни во гасењето на пожарот во реонот на Блаце.